Лекот „Спинраза“ достапен во Македонија, лицата со спинална мускулна атрофија добија голема надеж

- Македонија
486

Вчера, за првпат во нашата земја беше даден лекот „Спинраза“ кај мало бебенце – информираше Министерот за здравство, Венко Филипче. Останатите шест деца со соодветен распоред ќе ја добијат терапијата со овој лек.

„Се грижиме за лицата со ретки болести и им овозможуваме квалитетна терапија за подобар живот!“ – напиша Филипче на својата Facebook страница.

„Спинраза“ е лек за спинална мускулна атрофија, ретка болест од која во земјава боледуваат седум лица меѓу кои и единаесетгодишното момче Јане Велковски кое и е познато на јавноста како голем борец и љубител на фудбалот.

На почетокот на јануари 2018 Јане доби ветување од премиерот Заев  дека ќе го набави лекот ,,Спинраза“ кој дава одлични резултати кај ваквите пациентите.

Strugaonline

фото: aрхива

Facebook Коментари