Со британски искуства Охрид ќе се справува со бездомните кучиња

- Локални
528

Во рамките на реализација на Планот и програмата за контрола на популацијата на бездомните кучиња, што ја донесе општина Охрид, вчера започнаа неколкудневните предавања и обуки кои ги држи Брајан Фокнер, претставник на Кралската асоцијација за превентива на суровоста кон животните од Велика Британија.

Овие предавања и показни вежби на кои присуствуваа претставници на Локалната самоуправа, ЈП „ Охридски комуналец“ кој ја имплементира програмата и претставници на невладиниот сектор, беа посветени на препознавање на карактеристиките на бездомните кучиња и техниките и методите на нивно заловување.

Во следните три дена се предвидува да има практична обука на терен, посета на прифатилиштето за бездомни кучиња и пренесување позитивни практики во неговото управување. Во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, во четврток предвидено е со третооделенците од ОУ „ Климент Охридски“ да се одржи работилница чија чел е да се покаже како децата од рана возраст треба да бидат едуцирани за проблемот со бездомните кучиња и неговото решавање.

Извор и фото: Општина Охрид

Facebook Коментари