Со солистички концерт насловен ,,Најдоброто од Ѓоко Танески“, познатиот музичар Ѓоко Танески на сцената на Антички театар во родниот Охрид, ќе прослави 30 години успешна кариера.
Концертот е закажан 20-ти јули во 21:00 часот. Ѓоко ќе биде придружуван од страна на Камерниот оркестар од Битола, а специјални гости ќе бидат Драган Мијалковски и Николче Мицевски.

-Повод за концертот е мојот јубилеј – 30 години кариера, а на репертоарот ќе се најдат сите песни кои ја одбележаа истата. Не пропуштајте ја можноста заедно да ги отпееме „Една љубов имам”, „Збогум најмила”, „Мој пријателе”, „Никогаш доста”, „Цветај расцватај”, „Купив се”, „Јас ја имам силата”, „Ти должам сѐ”-вели Танески.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 20 јуни, и тоа онлајн преку мрежата на Мктикетс, како и во продажните салони на „Литература” низ републиката и „Кај Аждер“.
-Оваа година е мојата јубилејна година – 30 години кариера, а бидејќи јубилеите имаат смисла само ако се прославуваат и со драги луѓе – каде и да сте, на 20 јули во Охрид да сте.-повикува Ѓоко Танески.
Strugaonline
Facebook Коментари