Сообраќајна незгода на патот Струга-Охрид, повреден велосипедист од Радожда

- Локални
481

На 11-ти јули 2020 година, во 18:25 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Охрид, после болницата „Свети Еразмо“, се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Патничко возило марка „Опел астра“, со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на А.И. (43) од Охрид, удрило во велосипед „Полар“, управуван од 42-годишниот Ж.С. од струшкото село Радожда. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Еразмо“, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари