СОУ „Ибрахим Темо” се збратимува со училиште од Измир, Турција

- Локални
821

Градоначалникот на Струга, Рамис Мерко,  заедно со шефот на кабинетот , Дашмир Насуфи, денска одржа средба со колективот на  СОУ „Ибрахим Темо”.

Средбата беше од информативен карактер во врска со збратимувањето на СОУ „ Ибрахим Темо” со школото Yıldız Tınas İzmiroğlu Anadolu Lisesi од Измир, Турција. Колективот на СОУ „Ибрахим Темо” беше во тридневна посета на ова училиште каде разменија искуства, мислења и идеи за соработка во иднина.

Градоначалникот на Општина Струга истакна дека ја поддржува оваа иницијатива.

Strugaonline

Facebook Коментари