Во прекрасна атмосфера, синоќа во Струга се одржа големиот годишен јубилеен концерт на КУД „Илинден“- Струга. На концертот со кој ова друштво прослави 35 години постоење настапија сите 200 членови распоредени во пет групи, заедно со оркестарот и вокалната група кои функционираат во склоп на КУД „Илинден“. На големо задоволство на публиката беа изведени најпознатите фолклорни кореографии, а КУД „Илинден“ уште еднаш покажа како се опстојува 35 години на културната фолклорна сцена.
„ КУД Илинден Струга со сигурност е едно од петте најдобри фолклорни друштва во Македонија„ – истакна Антонио Димитровски -претседател на Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија.
Салата во Центарот за култура беше претесна за многубројната публика, околу 800 луѓе уживаа во спектакуларниот концерт, а меѓу нив имаше и преставници од повеќе фолклорни ансамбли од регионов.
Пред прославата по повод големиот јубилеј, се одржа сердба на генерации на која голем број поранешни членови на КУД „Илинден“ ги споделија своите искуства и спомени, а се одржа и ревија на народни носии.
КУД „Илинден“ не застанува тука , следната недела тие заминуваат на Меѓународен фолклорен фестивал во Полска каде ќе ја претставуваат Македонија.
Strugaonline
Facebook Коментари