Стружанката Билјана Мојсоска е успешен научник во врвни научни институции во Данска

- Локални
1369
Македонија има многу успешни млади научници кои буквално „растураат“ на светската научна мапа, а една од нив е и 31-годишната стружанка Билјана Мојсоска.
Дипломските студии по молекулaрна биологија и хемија ги завршила на Универзитетот во Роскилд, Данска, како најдобар студент на генерација. Токму поради ова, ѝ била доделена државна стипендија за магистерски студии на истиот факултет. Таму и докторирала на насоката Микробиологија и органска хемија, а една година работела во Националниот институт во Беркли (Lawrence Berkeley National Laboratories), заедно со д-р Роналд Зукерман, пионер во истражувањето на вид потенцијални антибиотици наречени пептиди.
Постдокторските студии ги поминала во главната болница во Копенхаген, при одделот за клиничка микробиологија, а сега започнала да работи како главен истражувач во академска стартап-компанија во Копенхaген.
Целиот текст и интервјуто кое порталот fakulteti.mk го направи со Билјана можете да го прочитате ТУКА
Извор и фото: fakulteti.mk

Facebook Коментари