Струга е подготвена за празникот „Богојавление Водици“

- Локални
2628

Струга се подготвува за големиот христијански празник „Богојавление Водици“. На 19-ти јануари во 7:30 часот во црквата „Свети Ѓорѓи“  ќе започне утринската Богослужба, а почетокот на литургијата е закажан за 8:30 часот. Во 10:30 часот од црквата верниците ќе тргнат кон мостот, а во 11:00 часот ќе пристигне Митрополитот Дебарско Кичевски Г-дин Тимотеј. Кум на овогодинешниот празник „Богојавлeние Водици“ е Стефан Томаноски кој што ќе го дарува среќникот кој што ќе го фати крстот. Тимот на „Зегин“ ќе подари телевизор, а сите кои ќе учествуваат во чинот на скокање по крстот ќе добијат маички.

 

И годинава, околу 100-тина капачи се очекува да скокнат во водите на реката „Црн Дрим“.

Празникот „Богојавление Водици“ е посебен ден за Струга, секоја година овој ден се чека со голема радост.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари