Македонија доживеа пораз од Шпанија, денешниот натпревар со Исланд е решавачки

- Спорт
608

Македонската ракометна репрезентација синоќа го доживеа вториот пораз на Светското првенство, загуби од селекцијата на Шпанија со резултат 21:32 (12:13).

Почетокот на натпреварот даде голема надеж затоа што нашите ракометари започнаа одлично и играа многу сигурно и мотивирано. Откако Шпанија ја стопи нашата предност, на одмор отидовме со еден гол негатива.

Но, почетокот на второто полувреме како да го реши натпреварот кога Шпанците во рок од три минути направија серија од 5-0. После оваа серија Шпанија само ја зголемуваше предноста и епилогот беше јасен.

Вистинска sвезда во нашите редови беше голманот Никола Митревски кој забележа 15 одбрани.

Дали нашите ракометари ќе обезбедат пласман во главната фаза од ова првенство ќе знамеме денеска после натпреварот со Исланд кој што е закажан за 18:00 часот.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари