Струга ќе биде домаќин на обука за Еко–пријателски бизниси

- Локални
90
Во вторник, 23-ти април, во хотел ,,Дрим“- Струга ќе се одржи  обука за Еко – пријателски бизниси, во рамки на тригодишниот проект  „Интегрирано управување со шумите (ИУШ) долж сливот на реката Дрим“ што ЦНВП Скопје го спроведува во партнерство со ИЦЕП (ICEP – Verein für Globale Entwicklung)
-Долгорочната цел е проектот да допринесе на ублажувањето на климатските промени и одржлив развој долж сливот на реката Дрим преку зајакнето Интегрирано управување со шумите (ИУШ).-информираат организаторите.
Додаваат дека преку поставените мерки ќе се подобрат условите за живот во руралните заедници во целните области.
-Долгорочниот резултат на проектот ќе биде социо-економски и еколошки придобивки за локалните заедници преку услугите на еко системот зајакнати со примена на методите на ИУШ, пошумување и заштита на биодиверзитетот.-потенцираат од ЦНВ Скопје.
Целни групи за обуката се туристички капацитети, сопственици на локални бизниси, туристички водичи, поединци/бизниси недрвени шумски производи (НШП), поединци заинтересирани за одржлив бизнис, ентузијасти во еко-туризмот и застапници за плаќање за екосистемски услуги.
Пријавата за присуство на обуката треба да се потврди најдоцна до 22.04.2024 година на е –маил:
Strugaonline
фото: архива

Facebook Коментари