Во организација на Еко-свест Вевчани и Рупикапра МТБ Струга, во недела, на 7-ми јули 2024 година, во Вевчани ќе се одржи велосипедски настан на планината Јабланица „Планинска вело тура Вевчанска голина-локва“.
Целта на оваа вело тура е да ги промовира убавините на планината Јабланица и Споменикот на Природа Вевчански Извори, како и можностите за развивање на велосипедскиот туризам на ова подрачје.
– Турата започнува од Центарот на Вевчани со крајна цел Вевчанска Голина (локва). Патеката од Центарот на Вевчани продолжува по следниот редослед: Вевчански Извори-Есејнца-Смолејца-Јанков Камен-Манастир „Св. Климент“-Горна Белица-Вевчанска Голина (Видиковец), па назад кон Вевчани преку Средни рид. Патеката е со должина од 30 километри и елевација од 1.100 метри. Секој учесник, доколку сака може да се приклучи и на кратко планинарење од 30 минути од Видиковецот на Вевчанска голина до Вевчанска Локва и да ужива во капење во бисерот на Јабланица, глацијалното езеро Вевчанска Локва, информираат организаторите.
Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат задолжително да се регистрираат со пополнување на формуларот на следниот линк.
Facebook Коментари