Струга ќе добие нов уреден влез – најавена изградба на парк
ЈП Комунално Струга денес реализираше акција за чистење и уредување на просторот на влезот во градот, со цел подобрување на првиот впечаток што го добиваат посетителите.
Од претпријатието информираат дека активноста е дел од поширока иницијатива за унапредување на јавните површини, која се спроведува во соработка со Општина Струга. Во рамки на оваа иницијатива, најавена е и изградба на нов парк токму на влезот во градот.
„Секој град се претставува уште на самиот влез – таму каде што започнува првиот впечаток. Затоа сакаме Струга да ги пречекува сите со убавина, чистота и зеленило“, посочуваат надлежните.
Со уредувањето на овој простор и идната изградба на парк, локалните власти имаат за цел да создадат попријатна и поуредена слика за градот, како за жителите, така и за туристите.
StrugaOnline

