Лев банер Десен банер

Од денес пензиите повисоки за 1000 денари

Пензионерите, од денес, ќе добијат 1.000 денари плус на своите сметки, а со тоа ќе се заокружи линеарното зголемување од 2.000 денари.

Линеарното покачување на пензиите почна со смената на власта, како дел од предизборните ветувања, така што пензионерите, во три наврати, добија линеарно покачување, односно 6.000 денари минатата година, а со мартовското зголемување пензиите ќе им бидат зголемени за 7.000 денари.

Линеарното покачување остана во сила откако Уставниот суд ја отфрли иницијативата за неуставноста на ваквото зголемување на пензиите. Со оваа одлука се стави точка на неизвесноста на пензионерите кои за неколку дена ќе ги добијат зголемените пензии.

StrugaOnline

error: