Струга после невремето без вода и без струја на неколку населени места

- Локални
901

Гром гo оштети системот на ЕВН кај селата Шум, Заграчани и Горна Белица.

Поради лошите временски услови со многу електрични празнења (громови), еден гром удрил токму на системот електрична енергија што ги снабдува пумпите кај пумпната станица во село Шум и истиот претрпел големо оштетување.

Како последица на ова денес ќе има слабо снабдување со вода за пиење во целиот град и селата на Општина Струга додека не се санира овој голем дефект.

Екипите на Проаква заедно со екипите на ЕВН Македонија се на местото на настанот и прават максимални напори да го оспособат системот што побрзо за да се нормализира снабдувањето со вода за пиење.

Извор: Проаква

StrugaOnline

Facebook Коментари