Струга се подготвува за „Водици“, манифестацијата ќе почне во 11:00 часот

- Локални
519

Струга се подготвува за големиот христијански празник Богојавление – Водици. Осветувањето на водите и спуштањето на светиот крст во водите на Црн Дрим, во недела, ќе почне во 11 часот на Чаршискиот мост.

Богослужбата во соборниот храм „Свети Ѓорѓи“, од каде и ќе тргне поворката, ќе почне во 8 часот, а поаѓањето кон Чаршискиот мост во 10 часот и 30 минути. Чинот на осветување на водите ќе го врши Митрополитот Скопски и Администратор Дебарско-кичевски и Австралиско-сиднејски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан.

Волонтерите на Црвениот крст – Струга и годинава ќе бидат дел од манифестацијата, од каде препорауваат капачите внимателно да пристапат кон капењето во студените води на реката Црн Дрим.

– И годинава ќе го покриеме настанот со спасители на вода. Препорачуваме граѓаните да бидат внимателни, да им се даде простор на капачите, безбедно да влезат во студените води, а капачите со добра здравствена состојба без претходно конзумирање алкохол да пристапат кон капењето, апелира Адуриме Даути секретар на струшкиот Црвен крст.

Празникот Богојавление Водици масовно се одбележува во Струга. Секоја година голем број верници скокаат по светиот крст во студените води на Црн Дрим, но голем е бројот и на оние што влегуваат во осветените води за здравје. Оној што ќе го фати светиот крст се верува дека ќе има бериќетна година.

Strugaonline

Facebook Коментари