Денеска стартува 29. издание на Светското првенство во ракомет

- Спорт
84

Денеска со натпреварот меѓу Италија и Тунис ќе биде отворено 29. издание на Светското првенство, на кое ко-организатори се Хрватска, Норвешка и Данска.

Актуелниот европски првак Франција во првото коло од Мундијалот за ривал го има Катар, додека уште една земја од Азија – Кувајт ќе има тежок предизвик на стартот и ќе се соочи со Австрија.

Трикратниот светски шампион Данска за прв ривал го има Алжир и на овој натпревар се очекува избраниците на Никлај Јакобсен без многу проблеми да ги освојат бодовите.

Распоред на денешните натпревари на СП: 
17:30 Италија – Тунис
18:00 Франција – Катар
20:30 Австрија – Кувајт
20:30 Данска – Алжир

StrugaOnline

Facebook Коментари