Струга Трим Лум денеска во Охрид игра против ерменски Пјуник

- Локални, Спорт
260

Струга Трим Лум денеска во Охрид ќе го одигра првиот натпревар во Конференциската лига, а за противник ја има екипата на Пјуник од Ерменија.

Анализирајќи го противникот, тренерот Ќатип Османи истакна дека станува збор за квалитетна екипа, но верува дека неговите фудбалери имаат капацитет да слават победа.

„Пјуник е многу дисциплинирана, многу борбена екипа. На последните два натпревари против Динамо Минск се обиде да одигра добро во одбраната, применувајќи и игра со брзи контранапади. Се работи за многу квалитетен тим, но сепак мислам дека имаме квалитет да победиме. – изјави Османи на прес-конференција.

Тој додаде дека тимот е подготвен за предизвикот што го очекува денеска.

Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Пјуник се игра со почеток во 17:00 часот на градскиот стадион во Охрид.

Strugaonline

фото : FC Struga

Facebook Коментари