Струшкиот основен суд му изрече условна казна на гинекологот Мухамед Асани

- Локални
493

Струшкиот основен суд му изрече условна казна на гинекологот Мухамед Асани за давање здравствени услуги во нелегална ординација во неговата куќа, меѓу кои и на родилката Јалдз Веапоска, која подоцна остана без органи.

Ова е исходот од првата кривична пријава која ја поднесе Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Сега, гинекологот не смее да направи ново кривично дело во наредните четири години, во спротивно, ќе треба да лежи затвор од две години.

Констатирано беше дека гинекологот Асани имал комплетна ординација, која не била регистрирана и ДЗСИ поднесе кривична пријава.

Извор: faktor.mk

фото: aрхива

Facebook Коментари