Струшките флејтистки со одлични резултати на натпревар во Кавадарци

- Локални
192

На 27-ми март во Кавадарци се одржа XII Меѓународен натпревар КМК-,,Камерна Музика Кавадарци ” каде учество зедоа ученици од основни и средни музички училишта од Македонија и регионот.  На овој натпревар достојно се претставија флејтистките од Општинското oсновно музичко училиште -Струга, од класата на м-р Светлана Богданоска Ристоски.

Duo Amica, составено од Михаела Влајнкиноска и Сара Тололеска, во својата категорија освои втора награда. Trio Enhalon, составено од : Ера Зиба, Флутурије Бајрами и Леона Тороманоска, во својата категорија, освои втора награда.

,,Мој лајт-мотив за учество на овој натпревар се придобивките кои им ги носи камерната музика , односно музицирањето во камерен состав: социјализација преку музика, можност за конструктивна критика, меѓусебна мотивација и секако слушање/изведба на квалитетна ( класична) музика во време кога имаме многустрано бомбардирање од шунд.”-вели за Strugaonline професорката Светлана Богданоска Ристоски.

Натпреварот е организиран од ООМБУ ,,Лазо Ралев-Мице”,под покровителство на Општина Кавадарци и е поддржан од Министерството за Култура со согласност од Министерството за oбразование и наука.

Strugaonline

Facebook Коментари