Стружанецот Горан Трпеноски избран за член на Антикорупциска комисија

- Локални, Македонија
496

Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања предложи Билјана Ивановска да биде нов претседател на Антикорупциската комисија.

За членови во Државната комисија за спречување корупција се предложени: Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Билјана Ивановска, Горан Трпеноски и Шемши Салаи. Тие ја добија довербата на членовите на Собраниската комисија, избрани од вкупно 57 кандидати.

Новинарот Горан Трпеноски потекнува од Струга, своевремено беше дел од екипата на весникот  „Вест“, потоа работеше за порталот „ Сакам да кажам.“ Тој беше член на Ад хок телото за медиуми, предложен од СДСМ, кое го оценуваше известувањето на медиумите за време на изборите согласно Пржинскиот договор меѓу партиите.

извор: ако.мк

фото: архива

Facebook Коментари