Време: За викенд пролетни температури, од вторник студен бран со дожд и снег

- Македонија
554

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. По одделни котлини во утринските часови ќе има појавана магла. Дневната температура ќе се движи во интервал од 2 до 13 степени. Во недела и понеделник ќе растат дневните температури, на места ќе достигнат и до 17 степени. Значителна промена на времето ќе имаме од вторник кога ќе преовладува  променливо облачно време со повремени врнежи од снег на планините, а во пониските места од дожд и снег. Дневната температура ќе се движи во интервал од -1 до 8 степени.

Извор: УХМР

Strugaonline

 

Facebook Коментари