Стружанецот Методија Столески настапи на фестивалот ,,Гоце фест“ и ги освои срцата на публиката и жирито

- Локални
814

Естрадниот уметник Методија Столески со песната ,,Крв Македонска“  настапи на фестивалот ,,Гоце фест 2022“ и  ги освои срцата како од публиката жирито така и од учесниците на фестивалот.  Автор на текстот е Огнен Неделковски, а музиката и аранжманот се дело на Цане Петров. На фестивалот учествуваа 18 учесници и сите се победници со оглед на тоа дека фестивалот годинава имаше ревијален карактер. Деновиве, Столески подготвува и нова песна со која ќе  настапи на фестивалот ,,Охрид фест“ што ќе се одржи во првата првата недела од септември годинава.

Facebook Коментари