Светски ден на водите, темата за оваа година се подземните води

- Македонија
707

Според календарот на Обединетите нации, на планетата земја денеска се одбележува Светскиот ден на водите.

Темата на Светскиот ден на водата во 2022 година се подземните води.

,,Подземните води се невидливи, но нивното влијание е видливо насекаде.Надвор од очите, под нашите нозе, подземните води се скриено богатство што ги збогатува нашите животи. Во најсушните делови на светот, тоа можеби е единствената вода што луѓето ја имаат. Речиси целата течна слатка вода во светот се подземни води, поддржувајќи ги снабдувањето со вода за пиење, санитарните системи, земјоделството, индустријата и екосистемите. На многу места, човечките активности прекумерно ги користат и ги загадуваат подземните води. На други места едноставно не знаеме колку вода има таму долу.,, -информираат од Институтот за јавно здравје.

Оттаму потенцираат дека подземните води ќе играат клучна улога во прилагодувањето на климатските промени. Треба да работиме заедно за одржливо управување со овој скапоцен ресурс.

Светскиот ден на водата датира од 1992 година. Секоја година се одбира тема која одговара на сегашниите или идните предизвици. Кампањата за ангажман е координирана од една или повеќе членки на UN-Water, поврзано со мандатот.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари