Стружанецот Наум Танески е новиот селектор на машката кадетска репрезентација на Македонија

- Локални, Спорт
1322
 Управниот Одбор на Ракометна федерација на Македонија донесе одлука за именување на стружанецот  Наум Танески за тренер/селектор на машката кадетска репрезентација, а за помошник тренер е именуван Миле Бочкаровски.
-Во стручниот штаб на ракометари родени 2004 сум веќе две години а сега како селектор ја превземам 2006-та ,нова генерација ракометари која допрва ќе треба да се дооформи. Досега имавме три собири за оваа генерација во која поминаа преку сто ракометари, за да се дојде до потесен список од 25 -30 за престојните натпревари. Моите очекувања се да се пласираме на Европското првенство што ќе се игра во 2024 во Црна Гора и да го повториме успехот од 2004 генерација кога освоивме деветто место на Светското првенство во Хрватска. Благодарен сум на Управниот одбор на ракометната федерација на Македонија и оваа функција многу ми значи, затоа што ракометот е моја култура на живеење. -изјави Наум Танески за Strugaonline и Play radio.
Кадетската машка репрезентација ќе учествува на квалификациски турнир кој ќе се одржува во периодот 04.01.2024 – 08.01.2024 година. На турнирот ќе учествуваат и националните селекции на Косово, Швајцарија и Словачка од кои најдобрите две селекции ќе обезебедат пласман на EHF EURO M18 (2024) во Црна Гора.
Организатор на групата за квалификацискиот турнир е РФМ, натпреварите ќе се одигруваат во Скопје, спортскиот центар „Автокоманда“, а во пресрет на подготвителниот период машката кадетска репрезентација ќе учествува и на турнирот „Трофеј Карпати“ кој ќе се одржи во Плоешти, Романија во период од 25ти до 29ти октомври 2023, каде ќе учествуваат и националните кадетски селекции на Египет, Црна Гора и Романија.
Strugaonline

Facebook Коментари