Стружанецот Ненад Јолдески е избран за државен претставник на Европскиот слем-натпревар за 2020 година.

- Локални
915

Викендов во Прилеп по деветти пат се одржа Националниот поетски слем на кој се избира државниот претставник за Европскиот слем-натпревар за 2020 година. Оваа година слем-победникот е поетот Ненад Јолдески од Струга, кој ја доби  титулата натпреварувајќи се во најтесниот избор со поетот Ѓоко Здравески и раперот Горазд Кени.

Традиционално, настанот се одржа во Градската библиотека „Борка Талески“, а покрај нив тројцата, за титулата се натпреваруваа и: Габриела Стојаноска-Станоеска, Димитри Соле Љубин, Драгица Здравеска, Жаклина Филипова-Свеќаровска, Исидор Јованоски, Исток Улчар, Јулијана Маринковиќ, Константин Карев, Кристина Ставревска, Перо Сарџоски, Розе Милкова, Снежана Паноска, Тихомир Јанчовски и Хемфри Димовски. Покрај нив, во ревијалниот дел настапија Бранислав Николов – Фолтин и Цветанка Колева, како и коорганизаторите Игор Трпче и Елена Пренџова. 

Националниот поетри-слем е во организација на здружението на граѓани „Театарска работилница Прилеп“.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари