Познатиот писател Димитрие Дурацоски еден од добитниците на престижната награда „11 Октомври“

- Локални
838

Во Собранието на Република Северна Македонија,  на тројцата добитници за оваа година,  им беше врачена најголемата државната награда „11 Октомври“ за 2019 за животно дело во областа на науката, културата, уметноста и други дејности од државен интерес.

Во областа на културата и уметноста наградата ја добија познатиот писател и ликовен уметник од Струга, Г-дин Димитрие Дурацоски кој важи за еден од најдобрите писатели во земјава, како  и актерот Петар Мирчевски.

Наградата за животно дело во областа на науката ја доби академик Љупчо Коцарев.

Државната награда „11 Октомври“ е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.

Strugaonline

Facebook Коментари