Стружани револтирано негодуваат на социјалните мрежи, дали култното струшко пливалиште ќе стане базен?

- Локални
1338
-,,Збогум струшко пливалиште. Го уништуваат најзнаменитиот белег на градот – прочуеното струшко пливалиште, најприродниот објект во Езерото. Ќе правеле базен. Па базен се прави секаде а пливалиштето е единствено. Остана уште нешто за уништување?
Збогум пливалиште Ќе им недостасуваш на вистинските стружани.“
,,Како можат тоа да го направат? Пливалиштето е душата на нашиот град, најсаканото место. Ќе го уништат, ќе го распарчат. ќе го обезличат. Кој може да го стори тоа?? Луѓе. спасете го пливалиште. секој кој има барем малку моќ нека го стопира овој процес. Пливалиштето не е приватна сопственост на поединци.,,
Ова се само дел од апелите и негодувањата на стружани , откако во јавноста проструи информацијата дека култното струшко пливалиште ќе стане базен.
На социјалните мрежи стружани објавуваат стари фотографии и зборуваат за значењето на пливалиштето за генерации и генерации кои пораснале знаејќи ја вредноста на ова место кое денеска изгледа вака.
-Без довола за градба, и без да се обезбедат потребните мислења на надлежните инстутуции,со градежна механизација се прокопува и се тампонира струшкото пливалиште-најзначајниот белег на градот ќе се претвори во базен.-објави Алфа тв.
Целиот текст можете да го прочитате на следниов ЛИНК

Facebook Коментари