Филипче: Трета доза вакцина може да се прими без разлика на типот на првата вакцинација

- Македонија
390

Сите наши граѓани, без разлика со која вакцина се првично вакцинирани, може да се вакцинираат со трета доза вакцина, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што кажа тој согласно досегашните сознанија третата доза треба да биде од производителот „Фајзер“, а се прима најмалку шест месеци по приемот на втората доза. Препорака е неа да ја примат сите здравствени работници, лица со имуни компромитирачки состојби и повозрасните од 60 години.

,,Ние даваме препорака врз основа на искуства од други земји и меѓународни институции кои се тие категории коишто треба да се вакцинираат. Во некои земји се над 50 години, некаде над 55, САД над 65. Имајќи ги сите овие работи предвид, ја даваме оваа препорака“, рече Филипче.

Facebook Коментари