Свечено отворена новата спортска сала во СОУ „Нико Нестор“

- Локални
275

Градоначалникот на Општина Струга,  Рамис Мерко заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за економија Крешник Бектеши, пратениците Агим Шаќири и Јован Митрески, директорот на училиштето  Миле Попоски и многу други важни преставници од централната и локалната власт, денеска присуствуваa на свеченото отворање на новата спортска сала во СОУ „Нико Нестор“.

„Уште еден успешно реализиран проект како резултат на соработката меѓу градоначалникот Мерко и министерот Адеми, нова спортска сала изградена според современи и модерни стандарди за да ги задоволи потребите на учениците на ова училиште.„ – стои во соопштението од Општина Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари