Свечено отворена новата училишна зграда во склоп на ново ООУ „Браќа Миладиновци“

- Локални
1854

Старото ОУ „Браќа Миладиновци“ заминува во историјата. Денеска свечено беше отворен новиот објект во новото ООУ „Браќа Миладиновци“-Струга. Современи услови, сосема нов инвентар и пријатна атмосфера ја красат новата училишна зграда.

На свеченото отварање се обрати градоначалникот Рамис Мерко кој заедно со Советот на Општина Струга и бизнисмени од нашиот град обезбеди средства за да го освари ветувањето кое им го даде на учениците и нивните родители. Мерко на сите ученици им посака среќен почеток на учебната година во нови услови.

Во новата зграда ќе учат четристотини и триесет ученици од второ до четврто одделение во вкупно дваесет и четири паралелки.

Во новото училиште има и посебни простории за дечињата со посебни потреби, но важно е да се напомене дека тие деца се во истата училишна зграда со сите други,  не се изолирани, ќе влегуваат од истиот влез и ќе имаат исти права и услови за учење како и  другите ученици.

 

 

Извор и фото: Strugaonline

Facebook Коментари