СВР Охрид со детали за несреќата во Струга

- Локални, Хроника
2023

На ден 21.06.2018 година, во 12 часот и 20 минути, во полициската станица во Струга примено е телефонско известување од ЈЗУ „Општа болница“ Струга за несреќен случај со последица смрт на малолетничка родена 2012 година во Струга.

– По добивање на информацијата, формирана е увидна екипа и известен е Јавен обвинител по што излезено е на местото на настанот поточно на улицата „ЈНА“ во Струга. Притоа, констатирано е дека малолетното девојче била во нејзиниот стан заедно со мајка си и малолетниот брат по што во еден момент ја снемало од собите во станот. Откако мајката го забележала тоа, започнала да ја бара низ станот но и во соседниот стан каде живеел нејзиниот дедо по што излегле надвор од зградата. Тогаш ја забележале падната под балконот и итно ја префрлиле на хириргија при Општата болница во Струга. Таму била констатирана смрт а по наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на семејството.

Извор: СВР Охрид

 Strugaonline

 

 

 

Facebook Коментари