Тактичко-показна вежба на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ кај комплексот „Инекс“

- Локални
229

Полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Министерството за внатрешни работи, денеска кај комплексот „Инекс“ ќе реализираат тактичко-показна вежба.

– Во четврток и петок единицата „Тигар“, кај каналот „Студенчишта“ ќе ги спроведат завршните плански активности. Се работи за редовна вежбовна активност на Единицата во која ќе се вклучи и хеликоптерската единица на МВР, а целта е јакнење на професионалните компетенции на припадниците на Единицата за зголемена ефикасност и ефективност во борбата против криминалот и подигнување на безбедноста на граѓаните и државата, информираат од СВР Охрид.

Упатуваат апел до граѓаните да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари