Театар Провокација со претставата ,,Пациенти“ вечерва гостува во Охрид

- Локални
228

Театар ,,Провокација“ вечерва со почеток во 20:00 часот  гостува во НУЦК ,,Григор Прличев“ Охрид со хит  претставата ,,Пациенти“.  Цена на карта  е 200 денари, а претставата ќе се игра во голема сала.

Ова е претстава за односите во бракот, за тоа како изгледа заедничкото живеење на партнерите кои го негуваат егото наместо љубовта, во кое е присутна војната наместо спокојот. Ова се ситуации во кој ќе се препознаеме сите ние и нашите најблиски во моментите кога си дозволуваме да се разгорат оние „дебати“ во кои не ги бираме зборовите и средствата, само за да излеземи во право, во кои целиме што повеќе да повредиме бидејќи се чувствуваме повредено.

Тој – хроничен алкохоличар, таа – хистерична аждаја. Не знаеш кој заради кого го сменил својот облик на битисување.
Ова е претстава која е огледало на ситуациите од нашите животи. Дополнителен квалитет е тоа што брачната актерска двојка Мирјана и Роберт Ристов, несебично го внесува своето емпириско искуство, со цел огледалото да стане што појасно и пореално. Улогата на Доктор Доце му е доделена на младиот и талентиран актер Радо Алесовски.

Претставата е во режија на Ѓорѓи Ризески

Играат: Роберт Ристов, Мирјана Поповска Ристов и Радо Алексовски

Сценографија: Роберт Ристов

Автор на ликовно сценски решенија: Игор Љубовчевски Љубац

Facebook Коментари