Лев банер Десен банер

Тимот на Соларис Струга учествуваше на завршниот настан на проектот ВоБеХа во Дубровник

Градот Дубровник беше домаќин на завршниот настан и завршната конференција на проектот VoBeHa (Волонтирај и покрај попреченоста), на која учествуваа партнерите и волонтерите во проектот за да ги споделат искуствата во промоцијата на инклузивното волонтирање на спортски настани и социјалната вклученост на лицата со попреченост.

Завршниот настан на проектот започна на 26 април како дел од извонредната полумаратонската трка ДуМоушн (Du Motion), организирана од координаторот на проектот, Заедницата на спортови на градот Дубровник (Хрватска), а со учество на 3000 тркачи од 55 земји. Тимот на СК Соларис Струга како партнерска организација беше дел од волонтерската програма, со волонтерски улоги на водните станици, давајќи свој придонес кон успешноста на настанот. Меѓудругото, настанот беше и простор за интеркултурна соработка со волонтерите од партнерскатата организација, Спортскиот клуб Каргенч (Турција), како и бројните домашни волонтери.

Оваа практична волонтерска акција испрати јасна порака дека попреченоста не смее да биде ограничување. Кога средината е инклузивна, достапна, поттикнува и создава еднакви можности, тогаш секој може да учествува, да придонесе, да има чувство на вредност и припадност.

Вториот ден, 27 април, беше посветен на завршната конференција VoBeHa. Програмата вклучуваше презентација на целите на проектот, постигнатите резултати, мерливото влијание, научените лекции, експертски дискусии за инклузивно волонтирање, практични пристапи за ангажирање на лица со попреченост како и искуства од учесниците на проектот.

Конференцијата канализираше една централна порака: инклузивното волонтирање е моќна алатка за достоинство и социјална кохезија и создава посилни заедници.

VoBeHa покажа дека инклузијата не е приспособување на луѓето кон системите, туку приспособување на системите кон луѓето. Проектот можеби се ближи до својот крај, но неговата порака дека општеството каде што секој има можност да придонесе е општество каде што сите растат заедно, продолжува.

StrugaOnline

error: