Тошковски: Безбедносната состојба на подрачјето на ОВР Струга е стабилна, направен е и план за безбедно спроведување на изборниот процес

- Локални
210

Безбедносната состојба на подрачјето кое го покрива ОВР Струга е стабилна и во првото тромесечие од 2024 година не се евидентирани посериозни настани од безбедносен интерес, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој викендов беше во работна посета на ОВР Струга.

Во делот на имотните кривични дела има мало зголемување, но, како што вели, од нивна страна се преземаат потребните мерки и активности за сузбивање на овој вид криминал.

-Како позначаен постигнат резултат во делот на сузбивање на криминал поврзан со недозволена трговија со дрога и оружје го истакнаа апсењето на 23 лица на територија на ОВР Струга во координирана акција со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал“, издвои министерот Тошковски.

Што се однесува до материјално-техничките средства, тој посочи дека бил потенциран недостатокот на возила особено во ПО Велешта кое покрива голема територија, а во моментот нема ниту едно возило. Тошковски информира дека и од аспект на човечки ресурси  пополнетоста е на многу ниско ниво.

Во насока на претстојните избори, министерот образложи дека е направен е план за безбедно спроведување на изборниот процес и се преземаат сите мерки за прибирање на сознанија за евентуални изборни нерегуларности.

Strugaonline

фото: МВР

Facebook Коментари