Традиционална Велигденска прослава и оваа година во с. Брчево

- Локални
1429

Месна заедница „Брчево“  и оваа година, традиционално организира забава по повод најголемиот христијански празник Велигден. Прославата ќе се одржи на ден Велигден, 8-ми април 2018 година во Брчево со почеток од 12:00 часот. За сите заинтересирани организиран е и превоз:

Од с. Мороишта ќе се тргнува во 7:30 часот,а  од с. Мислешево во 7:45 часот. Од Струга ќе има превоз во 08:00 часот, поаѓањето е од пред црквата Света Петка.

Ќе ве забавува групата Forever Band со пејачот Ангел Стојкоски, а пијалоците ќе бидат со симболични цени достапни за сите.

На овој начин продолжува долгогодишната традиција на прославување на празникот Велигден во Брчево.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари