Трајна поставка за природа во Вевчани едукативен центар за сите посетители

- Локални
70
Трајна поставка за природа ,,Патување низ природните богатства на Вевчански Извори” во Мултикултурен Центар во Вевчани  ги запознава сите посетители со природните вредности и реткости на заштитеното подрачје Споменик на природа Вевчански Извори и планината Јабланица.
. -Трајната поставка е еден вид на едукативен центар при посета на Вевчани од основните и средните училишта со цел спроведување на еднодневни екскурзии, како и за туристите, студентите и сите љубители на природата. Поставката е исполнета со забавни и едукативни содржини за сите возрасти и е изработена на македонски и англиски јазик.-информираат од Еко-свест Вевчани.
Додаваат дека во комбинација со едукативните активности во природа, како и акциите со граѓанска наука, оваа изложба го комплетира едукативното искуство за сите љубители на природата.
Поставката е изработена и поставена од Еко-свест како дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори” финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.
Strugaonline

Facebook Коментари