Три лица заработија кривични пријави-со малверзации купувале возило

- Локални
494

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување исправа“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, поднесе кривична пријава против Р.Џ.(49) и С.С.(51), двајцата од Охрид како и против А.Ц.(32), од струшкото село Радолишта за сторено казнено дело  „измама при добивање кредит или друга погодност“.
Со цел стекнување протиправна имотна корист, Р.Џ. и С.С., вработени во „Сури Шпед ДООЕЛ“, обезбедиле фалсификуван купопродажен договор за товарно возило „Опел Мовано“. Истиот го завериле на нотар и го употребиле при царинска постапка и во Биро за метрологија во Скопје. А.Ц. фалсификуваната докуметација  ја употребил при поднесување барање за добивање согласност за регистрација на возилото.  

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари