Рамиз Мерко: Во заштитениот појас на Општина Струга не постои ниту една дивоградба

- Локални
206

На иницијатива на министерот за животна средина и просторно планирање, вчера во салата на Советот на Општина Струга се одржа состанок за презентација на Нацрт – Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион за 2019-2028 година.

„ Во заштитениот појас на Општина Струга не постои ниту една дивоградба, за разлика од Општина Охрид.
Ги отфрламе сите шпекулации од поединци во централната власт и некои медиуми дека Општина Струга има финансиски проблеми. Општина Струга е во добра финансиска позиција и има можности за инвестиции, така што,  централната власт треба да не’ остави да инвестираме и да продолжиме да ја развиваме Струга.“ – изјави Мерко на состанокот.

Тој додаде дека во Струга се завршени или се во процес на реализација триесет големи проекти, како што се изградба на инфраструктура за канализација, асфалтирање на патишта, паркинзи и водоснабдување.

Strugaonline

Facebook Коментари