Утре ќе се одржи 39. Охридски пливачки маратон
Утре со почеток во 11 часот во водите на Охридското Езеро ќе се одржи 39-то издание на Охридскиот пливачки маратон. Шестанесет пливачи ќе пливаат од „Климе Савин“ во должина од 25 километри, со старт од Свети Наум и финиш на Кеј Македонија.
На утрешниот маратон во машка конкуренција ќе настапат тројца македонски пливачи – Александар Илиевски, Петар Цеков и Леонид Мишевски. На стартот ќе бидат и Матеа Видовиќ од Србија, Умит Кемал Џенгиз од Турција, Филип Лакас од Канада, Италијанците Алесио Окипинти и Николо Ричарди, Шпанците Енеко Саезмиера и Даниел Понсе Хименез и Кристијано Карамело Сантос од Португалија.
Во женска конкуренција Македонија ќе ја претставува Росана Гошева, а ќе настапат и Елена Лионело од Италија, Милица Љубисављевиќ од Србија и Аргентинките Рита Ванеса Гарсија и Мајте Ајлен Пука.
StrugaOnline

