Лев банер Десен банер

Четири вечери музика на „Охрид Џез Фестивал 2026“ од 27 до 30 август

Охрид од 27 до 30 август ќе биде домаќин на „Охрид Џез Фестивал 2026“, културно-музички настан кој во четири вечери ќе понуди разновидна програма и ќе ги обедини различните музички изрази во ритамот на џезот.

Фестивалот ќе биде отворен на 27 август со „Вечер на млади музичари“, под наслов „Ехо од Македонија“. На сцената ќе настапат учениците и професорите од ОМУ „Методи Патче“ од Охрид, кои пред публиката ќе го претстават својот музички талент и интерпретација.

На 28 август следува „Етно џез вечер“, на која ќе настапат Сашко Костов и Орхидеја Дукова – дуо кое преку својот музички израз ги поврзува етно елементите со современиот џез.

Третата фестивалска вечер, на 29 август, е посветена на класичниот џез. Пред охридската публика ќе настапат Дамјан Пејчиноски на гитара, Зоран Јагоридовски на перкусии, Дејан Милосавлевиќ на тапани, Гордан Спасовски на пијано и Горан Гешовски на бас гитара.

Фестивалската програма ќе кулминира на 30 август со „Меѓународна џез вечер“, на која ќе настапи Branko Sterpin Quartet, со специјалниот гостин Tim Lassy од Финска.

Со разновидната програма, „Охрид Џез Фестивал 2026“ носи четири различни музички приказни, но една заедничка љубов – џезот.

StrugaOnline

error: