Утре стартува овогодинешниот „Балкански фестивал 2019“ во Охрид

- Локални
661

Oд 4-ти до 8-ми јули во Охрид ќе се одржи најновото издание на „Балкански фестивал 2019“. Најавена е богата програма што ќе започне со изложбата под наслов „Курт Хејлишер во Македонија“, истата со почеток во 19:00 часот ќе биде поставена во изложебениот салон при Центар за култура „Григор Прличев“.

Свеченото отварање на 58-от Балкански фестивал е закажано за во петок со програмата на ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“. Старт 19:00 часот.

На 6-ти јули во сабота ќе има проекција на краткометражниот филм “Водичарке” во големата сала на охридскиот центар за култура со почеток во 18:45 часот. Петнаесет минути подоцна ќе започнат настапите на КУД “Костолац” Костолац – Србија; Ансамбл Седенчица од Пловдив – Бугарија; КУД “Дримкол” од Вевчани – Македонија; КУД “Кочо Рацин” од Кичево – Македонија

Во недела во 18;45 фестивалот ќе понуди проекција на краткометражен филм “Оплитање”, а потоа ќе следуваат настапите на  КУД “Гоце Маркоски” од Скопје – Македонија; КУД “Лјубо Бозанович” од Подгорица – Црна Гора ; КУД ”Вук Караџич” од Крагуевац – Србија;  ФА “Бисери” од Охрид – Македонија.

Последниот фестивалски ден, 8-ми јули понеделник, ќе започне со проекција на краткометражниот филм „Пишање на невестата”, а на сцената на Долни Сарај за крај ќе настапат: Ансамбл “Македонија” од Скопје – Македонија; КУД “Лјубо Бозанович” од Подгорица – Црна Гора ; Ансамбл “Танц плус фолк” од Елбасан – Албанија; Фоклорно Студио “Блажески” и ВИС Аманет од Скопје – Македонија

Strugaonline

 

Facebook Коментари