Утре во Струга два настани за Светскиот ден на свесноста за аутизмот
По повод Светскиот ден на свесноста за аутизмот, Општина Струга во соработка со организациите Bright Steps, Europe House Струга, ООУ „Браќа Миладиновци“, ОРТУС и ЦФДК, ќе организира два настани насочени кон поттикнување на инклузијата, разбирањето и поддршката на лицата со аутизам.
Настаните ќе се одржат утре, 2 април, во просториите на Europe House во Струга, а програмата е поделена во два дела.
Претпладне, со почеток од 11:30 часот, ќе се реализира инклузивниот настан за деца „Сина Фреквенција“, кој ќе понуди простор за игра, дружење и заедничко учење преку интерактивни и креативни активности.
Во вечерните часови, со почеток од 18:00 часот, ќе се одржи тркалезна маса на тема „Заедно за аутизмот“, на која ќе се разменуваат искуства и добри практики, како и ќе се отвори дискусија за предизвиците и можностите во поддршката на децата со аутизам.
Организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат на настаните облечени во сино, со цел заеднички да се испрати порака за прифаќање и создавање општество во кое секој припаѓа.
StrugaOnline

