Лев банер Десен банер

„Сонкал“ од Мислешево со одличен настап и медали на „Тирана Опен 2026“

Клубот „Сонкал“ од Мислешево остави силен впечаток на меѓународниот таеквон-до турнир „Тирана Опен 2026“, кој викендов се одржа во Албанија, освојувајќи повеќе медали и потврдувајќи го својот квалитет и потенцијал.

Во рамки на настапот на Македонската традиционална таеквон-до федерација (МТТФ), под водство на тренерите Марјанчо Лазаревски, Саша Поповски и Божидар Димитриевиќ, боите на Македонија ги бранеа 29 натпреварувачи од пет клубови. На турнирот учествуваа околу 200 натпреварувачи од седум европски земји: Албанија, Македонија, Србија, Косово, Шведска, Австрија и Украина, при што најбројни беа украинските претставници.

Меѓу нив, младите натпреварувачи на „Сонкал“ се истакнаа со одлични резултати, иако станува збор за млада екипа. Клубот настапи со пет натпреварувачи, кои освоија значајни пласмани:

  • Павел Џикоски освои две први места – во форми (9-10 години, бел појас) и во борби (41 кг, 9-10 години);
  • Јаков Гагалески освои трето место во форми (8 години, 23 кг) и второ место во борби (бел повисок појас, 8 години);
  • Дамјан Гагалески се закити со второ место во форми (бел повисок појас, 8 години) и трето место во борби (8 години, 21 кг);
  • Кристијан Гагалески освои трето место во борби (10-11 години, 27 кг);
  • Максим Шулески освои трето место во форми (9 години, жолт појас).

Со овие резултати, „Сонкал“ уште еднаш покажа дека поседува квалитетна млада генерација, која успешно се носи со силна меѓународна конкуренција и ветува светла иднина во таеквон-дото.

StrugaOnline

error: