Утре во Струга хуманитарен новогодишен концерт за Бојан

- Локални
275

Утре со почеток во 17:30 часот во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга хуманитарен новогодишен концерт ќе одржат талентирани ученици од Гимназијата ,,Д-р Ибрахим Темо“ под раководство на професорите по музичко образование, Алмир Бајрамоски и Беса Села. Концертот има хуманитарен карактер, сите средства ќе бидат наменети за нашиот сограѓанин Бојан Крстески кој се лекува во Рим.

Билетите во претпродажба чинат 50 денари, а на врата ќе чинат 100 денари.

Бидете хумани и на овој начин донирајте за Бојан, а истовремено проследете квалитетен концерт.

Strugaonline

Facebook Коментари