Лидија Николовска: Апелирам до родителите да ги носат децата на проби за ,,Бадникови поворки“

- Интервју, Локални
1199

Во Струга започнаа подготовките за манифестацијата ,,Бадникови поворки“ , манифестација што предизвикува радост и воодушевување кај сите граѓани и е еден од најчистите начини на изразување на вербата, затоа што учесници се најмладите, односно дечињата. И оваа година  продолжува  оваа стара духовна традиција, подготовките ќе траат се до „Бадниковото навестување за раѓањето на Христос“, на 6-ти јануари 2023 година, кое ќе биде одбележано со голема поворка низ струшките улици. Дечињата ќе ја  пеат старата коледарска песна „Вечниот Бог“, но освен оваа песна, децата на пробите во Струга слушаат и предавања за да ја научат суштината и симболиката на настанот во кој ќе учествуваат.  Сите детали ќе ги дознаеме од Лидија Николоска  организатор на ,,Бадникови поворки“-Струга.

Извор и фото: Play radio

Facebook Коментари