Утре во Струга ќе се одбележи Светскиот ден на џудото под мотото ,,Инклузија“

- Локални, Спорт
472
По повод 28-ми oктомври Светски ден на џудото,  под мотото ,,ИНКЛУЗИЈА“, Џудо Клуб ДРИМ Струга заедно со своите партнери,  ,,Порака Нова“ Asociatia Judeteana de Judo Mehedinti од Романија и Judo Klub Makikomi Белград, Србија,  ќе спроведе заедничко кординирано одбележување на денот во склоп на проектот Judo4All.
Одбележувањето во Струга ќе биде на 28.10.2022 год во период  од 12 до 13 часот на ул. Маршал Тито (ново шеталиште).
Ќе се доделуваат едукативни матрејали за тренирање џудо на лица со интелектуална попреченост, а и одблиску ќе можете да видите презентација на тренинг со лица со попреченост.

Facebook Коментари