Лев банер Десен банер

Vanessa Bordo Flannes, службеничка за односи со јавноста во Американската амбасада, со учениците од Yahya Kemal College – Струга

Во просториите на Yahya Kemal College – Струга се одржа интерактивна Town Hall симулација со Vanessa Bordo Flannes, службеничка за односи со јавноста во Американската амбасада, каде учениците имаа можност да дебатираат и да разменуваат мислења за односот помеѓу индивидуалните слободи и интересите на заедницата во едно демократско општество.

Преку интересна и динамична дискусија, учениците размислуваа на тема: „Можете ли да изградите светло розова куќа само затоа што имате право на тоа?“ – прашање кое отвори повеќе перспективи за тоа каде завршуваат индивидуалните права, а каде започнува одговорноста кон заедницата.

Во текот на активноста, учениците се запознаа со значењето на Town Hall средбите во американската демократија, учејќи како јавниот дијалог и активното учество на граѓаните придонесуваат за носење одлуки и градење демократска култура.

Покрај тоа, тие ги развиваа своите вештини за убедливо говорење, критичко размислување и културна дебата на англиски јазик, покажувајќи зрелост, креативност и активна вклученост во дискусијата.

Настанот претставуваше одлична можност за размена на идеи, различни перспективи и ученички гласови, а од училиштето упатија благодарност до Американската амбасада и American Corner – Струга за поддршката и соработката.

StrugaOnline

error: