Струга привлече огромен број на гледачи особено оние што сакаа да се фотографираат со нашите ракометари и да ги поздрават шампионите на Македонија и на СЕХА лигата. Игравме без Игор Карачиќ и Рожерио Мораеш
Требаше пет минути додека се постигне првиот гол на средбата. До 11 минута беше израмнето, 4-4 а потоа направивме скок на 11-6 покажувајќи јка разликата и најавувајќи дека нема да дозволиме трофејот да замине од СЦ „Јане Сандански”. Таа разлика остана до крајот на првиот дел што го завршивме во наша корист со 16-10.
Во второто полувреме само за момент нашиот ривал се закани, но брзо ја вративме и иницијативата и резултатската предност. Во 27 минута со цепелинот на Скубе и Дибиров водевме со 20-12. Откако Милосављев одбрани една топка, а во следниот напад Скубе зголеми на 21-12.
Дејан Милосављев ги покажа своите квалитети, и до 51 минута имаше 12 одбранети удари и еден седмерец. Девет голови разлика имавме повторно со водството 28-19 и 28-20. Во 55 минута првпат имавме и двоцифрена предност, 31-21.
Тренерот Парондо им даде шанса и на оние од клупата, па и голманот Петковски, бекот Мишевски и крилото Поповски имаа шанса да го почувствуваат амбиентот на отвореното игралиште во Струга. Андреј Петковски имаше и добра интервенција
Вардар и Металург ќе играат меѓусебе и н а29 август, но во рамките на првото коло на СЕХА лигата во Скопје.
ВАРДАР – МЕТАЛУРГ 33:24 (16:10)
ВАРДАР: Милосављев (14 одбрани и 1 седмерец), Петковски (1 одбрана), Стоилов 3, Недановски 3, Поповски 1, Кристопанс 1, Скубе 4, Чупиќ 2, Дибиров 8, Шишкарев 2, Борозан 2, Војводиќ 2, Кисељев 4, Мишевски 1.
Седмерци: 0/1, Исклучувања: 8 мин.
Извор и фото: РК Вардар
Facebook Коментари