Вечерва во Охрид ќе се игра претставата „Стаклена менажерија“

- Локални
522

Aктерите од Охридскиот народен театар вечерва ќе ја одиграат претставата „Стаклена менажерија“, работена по текст на Тенеси Вилијамс, во режија на Софија Ристевска Петрушева.

– „Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби, вели режисерот Ристевска Петрушева.

Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска и Филип Кипровски.

Почетокот на претставата е закажан за во 20:00 часот, во Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид.

Strugaonline

Facebook Коментари